Американците решија да патуваат за Париз со најдобрите играчи кои ги имаат и со право важат за фаворити на Олимписките игри.

Сепак, се чини дека нема баш идилична атмосфера во репрезентацијата на САД, барем ако се суди по изјавите на Џоел Ембиид, кој јавно го „исплука“ тимот чиј дрес го носи.

-Не можам да кажам дека се чувствувам како Американец. Јас сум Камерунец и се чувствувам така. Секогаш ќе биде така. Таму сум роден, таму пораснав, ја видов борбата за преживување. Тоа е една од причините поради кои успеав. Почнав да играм кошарка на 16 години. Не е лесно да се снајдеш во денешно време кога почнуваш да се занимаваш со спортување толку доцна, особено затоа што момците овде во Америка почнуваат многу рано. Беше многу тешко да се изборам, но го направив тоа, изјави Џоел Ембиид.

Камерунецот имаше покана и од француската репрезентација, најпрвин начелно прифати да настапува за оваа селекција, а потоа ја промени одлуката.

-Тоа беше тешка одлука. Можев да играм за Камерун, мојата татковина, потоа Франција, каде имам многу роднини, и за САД, каде што сум 14 години. Чувствував дека Французите ме избрзуваат со одлуката, а јас не сакав да пресечам само така. Не ми се допаѓа односот на Франција кон африканските земји. Не помогна што ми дадоа ултиматум. Од американската федерација рекоа да одвојам онолку време колку што ми треба. Многу е полесно и поубаво кога никој не те притиска, кажа центарот за „Њујорк тајмс“.

Иако сите мислат дека Американците ќе се „прошетаат“ до злато на Олимписките игри, Ембид смета дека ќе биде многу потешко.

-Дефинитивно имаме неверојатен талент, но истиот талент постои и во другите тимови. Исто така, треба да разберете дека повеќето момци во нашиот тим остареа. Леброн денес не е ист како Леброн пред неколку години. Има огромна разлика. И самите гледате дека не е атлетски доминантен како порано. Имињата на хартија може да измамат. Сите тоа се луѓе кои направиле многу во своите кариери, но сега се стари и не се тоа што беа, изјави Ембиид.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2024 03:56