Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ги договорил личните услови со саудиски Ал-Итихад, пишува „Дејли мејл“.
Двата тима во моментов преговараат за трансфер сумата, но голема е веројатноста да се постигне договор и белгискиот плејмејкер да замине во Азија.
Играчот е една од водечките фигури на „Етихад“ речиси една деценија од неговиот трансфер од Волфсбург за 55 милиони фунти во 2015 година.
Веќе во февруари се појавија првите гласини за сериозен интерес од Ал-Итихад за Де Бруин, кој има договор со Манчестер Сити уште само една година.
Пред само неколку дена, шефовите на Ал-Итихад го назначија Лоран Блан за шеф на тимот, кој ќе треба да ги врати во борбата за титулата по разочарувачката последна кампања и само петтото место во конечниот пласман.
Доколку Де Бруин го засили тимот, тој ќе биде соиграч со имиња како Карим Бензема, Н'Голо Канте и Фабињо.