Раководството на Бостон селтикс ќе го продолжи договорот со Сем Хаусер, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Новиот договор со 26-годишниот Американец ќе важи до крајот на сезоната 2028/29. Кошаркарот ќе заработи 45 милиони долари.

Хаузер игра за Бостон селтикс од 2021 година. Во сезоната 2023-2024, тој настапи на 79 натпревари во регуларниот дел од сезоната на НБА и имаше просек од 9,0 поени и 3,5 скока по натпревар.

Бостон е актуелен шампион во најсилната кошаркарска лига на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2024 10:44