Англискиот фудбалски прволигаш Челзи денеска го претстави новото засилување, Кејлеб Вајли (19), кој доаѓа од американската Атланта Јунајтед.

Клубот од Стемфорд Бриџ на својата интернет страница објави дека со левиот бек Вајли е потпишан шестгодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

Според англиските медиуми, вредноста на трансферот изнесува околу 10 милиони евра.

Вајли во моментов е дел од американската репрезентација со која ќе настапи на Олимписките игри во Париз.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 05:44