Белгискиот фудбалер за врска Амаду Онана (22) го напушти Евертон и кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила, објавија клубот од Ливерпул.

Онана настапи за Белгија на неодамна завршеното Европско фудбалско првенство, а пред неколку месеци беше трансфер цел на Арсенал.

Играчот од средниот ред му се приклучи на Евертон од Лил во август 2022 година и во дресот на клубот од Ливерпул одигра 75 натпревари, постигнувајќи пет голови.

„Евертон сака да му се заблагодари на Амаду за неговите настапи и да му посака сè најдобро во иднина“, се наведува во клупското соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 05:46