Премиерлигашот Астон вила е заинтересирана за фудбалерот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, пренесува „The Guardian“.
Клубот од Бирмингем го гледа 24-годишниот Португалец како замена за Муса Дијаби, кој кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад.
За играчот е заинтересирана и Бенфика.
Во сезоната 2023/24, Феликс играше за Барселона како позајмен од Атлетико Мадрид. Тој постигна 10 гола и запиша 6 асистенции на 44 настапи за Каталонците во сите натпреварувања.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 30 милиони евра