Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Начо Фернандез денеска на специјална прес-конференција се прости од клубот и соиграчите. Таа беше исклучително емотивна и тој не можеше да ги задржи емоциите и заплака.
Не грижете се, Реал секогаш ќе биде нашиот дом, со овие зборови 34-годишниот дефанзивец се обиде да ги смири своите деца, кои дојдоа на испраќањето.
Начо Фернандез во новата сезона ќе игра за Ал Кадсија од Саудиска Арабија откако одби да го продолжи договорот со „кралевите“. Тој е дете на Реал и во текот на својата кариера досега играше само за „Лос Бланкос“.
-Би сакал да им се заблагодарам на колегите што ми олеснија. Иднината е светла. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите останати во клубот. Реал Мадрид ми беше сè, рече дефанзивецот.
Шефот Флорентино Перез го пофали дека станал пример.
-Денеска е тажен ден затоа што нè напушта фудбалер кој даде се од себе, коментираше шефот.
На денешниот настан присуствуваа Карло Анчелоти и некои од поранешните соиграчи на Начо од „Бернабеу“ - Лукас Васкез, Фран Гарсија, Дани Себаљос, Браим Дијаз, Хесус Ваљехо, Тибо Куртоа и Андриј Лунин