Екипата на Струга триумфираше со 2:1 против Пјуник во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Актуелниот македонски шампион поведе со голот на Ибраими од пенал во осмата минута.

Ерменците израмнија во 23 минута со удар од белата точка кој го реализираше Виљела.

Од 60 минута Пјуник остана со фудбалер помалку на теренот поради црвениот картон на Вакуленко.

Ова го искористи Струга која во 73 минута дојде до ново водство преку Спировски кој постигна прекрасен гол од далечина.

Реваншот се игра на 30 јули во Ерменија со почеток од 18.00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2024 05:08