Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко.
Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување.
Аргентинците побегнаа во соблекувалната, судијата Глен Ниберг од Шведска по протокол го прекина мечот, а Мароко поднесе жалба против голот на ривалот, бидејќи беше постигнат по офсајд позиција. По 90 минути циркус, судиите со помош на ВАР собата утврдија дека Мароканците се во право.
Екипите повторно излегоа на теренот, Аргентинците не успеаја да постигнат гол во тие три минути, па Мароко победи со 2:1.