Летечка театарска трупа од Тетово се врати со награда за претставата „Момчето со пругасти пижами“ на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње, Босна и Херцеговина. Наградата за најдобар актер ја доби Владимир Јованоски, воедно и режисер на претстава.

- Диплома за најдобар актер по оцена на жирито од публиката за Владимир Јованоски во улогата на Франц Вајсман, управникот на логорот, во претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Фестивалот на фестивалите во Требиње, БиХ. Френетичен аплауз и море од емоции во преполна сала на 67. Фестивал на фестивалите во Требиње за нашата претстава. Стручната фела, реномирани професори, драматурзи и режисери на тркалезна маса со длабинска театарска дисекција на идејата, играта, техниката и пораката од претставата. Критиката одлична и инспиративна. Испишана една цела страница, не чекаат нови, порачаа од Летечка театарска трупа

Според тамошните медиуми, публиката во Требиње во понеделникот вечерта со громогласен аплауз ја награди изведбата.

-Публиката се потресе на темата за холокаустот и шокантните страдања на децата во претставата „Момчето со пругасти пижами“, но и со брилијантната игра на актерите, пред се на режисерот кој воедно го играше и ликот на управникот на логорот, пишува во текстот на Независне Новине.

https://www.nezavisne.com/kultura/pozornica/Potresna-pozorisna-prica-Djecak-u-prugastoj-pidzami-pred-trebinjskom-publikom/846691

Во понеделникот, неколку часа пред изведбата во Требиње, актерите учествуваа и на театарското дефиле на отворена сцена со сегмент од претставата. Годинава, оваа претстава доби Гран при и награда за најдобра режија на Драмски Аматерски Фестивал (ДАФ) во Кочани.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2024 18:31