Францускиот прволигаш Ленс го објави денеска трансферот на 25-годишниот централен дефанзивец Маланг Сар кој дојде од редовите на лондонски Челзи.
Договорот на фудбалерот со францускиот клуб е до лето 2026 година.
Сар го напушти без обесштетување, откако не се најде во плановите на новиот менаџер Енцо Мареска за новата сезона.
Дефанзивецот одигра вкупно 21 натпревар за лондонскиот тим без да постигне ниту еден гол.
Во својата кариера Сар играше за Ница, Порто и Монако.