Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри ги демантираше гласините за трансфер во некои од европските гиганти, јави денеска агенцијата ДПА.

„Ако треба да бидам искрен, сите овие информации ми се луди. Никаде не сум кажал дека сакам да заминам. Сакам да се вратам во форма и да бидам корисен за клубот“, изјави крилниот напаѓач.

Тој го потврди истото и за останатите играчи на Баварците, кои се предмет на многу шпекулации.

„Не станува збор само за мене, туку за сите мои соиграчи. Имаме професионални договори и фокусирани сме да играме фудбал на највисоко можно ниво“, додаде Гнабри.

Дваесетидеветгодишниот германски репрезентативец минатата сезона одигра само 20 натпревари, откако серијата сериозни повреди ја предизвика неговата ограничена минутажа.

Гнабри пристигна во Баерн Минхен во 2017 година и со баварскиот клуб освои пет бундеслигашки титули, двапати триумфираше во Купот на Германија, три пати во Суперкупот, а по еднаш во Лигата на шампиони и Суперкупот на УЕФА



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 15:23