Англискиот првак Манчестер Сити е подготвен да конкурира со Барселона за потписот на шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо од РБ Лајпциг и веќе доставил понуда до германскиот клуб, објави денеска „Фут Меркато“.

Олмо (26) беше поврзуван со заминување по неговите одлични настапи на неодамнешното Европско фудбалско првенство во Германија.

Паралелно со обидот да го ангажира Нико Вилијамс, раководството на Барселона не се откажува од желбата да го ангажира Олмо, нудејќи за него околу 60 милиони евра.

Досегашната понуда не ја задоволува сумата која ја посакува РБ Лајпциг.

За викендот е закажан состанок меѓу агентот на играчот и претставници на каталонскиот клуб, во услови кога Манчестер Сити е во многу подобра позиција да одговори на барањата на Лјпциг.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 15:27