Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не ја исклучува можноста за продолжување на договорот.
- Разговараме со клубот многу години. Не исклучувам дека договорот ќе биде продолжен. Реков дека би сакал да останам затоа што навистина го мислам тоа. Девет години во еден клуб е вечност. Сакам да бидам сигурен дека ова е вистинската одлука за клубот, за играчите, изјави Гвардиола за британските медиуми.
Шпанецот го води тимот од 2016 година. За тоа време, Манчестер сити шест пати стана шампион на Англија, а ја освои и Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство