Напаѓачот на Реал и репрезентацијата на Бразил, Ендрик, по денешното официјалното претставување на „Сантијаго Бернабеу“ изрази задоволство за својата преселба во мадридскиот клуб.
- Многу сум среќен затоа што сум навивач на Реал Мадрид од детството. И сега сум тука, лудо е. Немам зборови да опишам како се чувствувам. Отсекогаш сум сакал да бидам тука. Ви благодарам многу на сите, изјави Ендрик.
Фудбалерот ќе игра со број 16 на дресот.
Договорот на Ендрик со мадридскиот клуб е до летото 2030 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Бразилецот на 60 милиони евра.