Вкитор Роке би можел да ја напушти Барселона. Интерес за 19-годишниот фудбалер покажува Ал Хилал.
Двете страни веќе ги започнаа преговорите за евентуален трансфер на младиот напаѓач.
Според „Diario Sport“, Ал-Хилал и нуди на Барса договор за позајмица со опција за купување, но Каталонците имаат намера веднаш да го продадат Роке, бидејќи играчот може да ја загуби вредноста за време на позајмицата.
Барселона сака да добие повеќе од 40 милиони евра за Роке.
Забележано е дека конечната одлука ќе биде на играчот.
Минатата сезона Роке одигра 14 натпревари во Ла Лига и постигна два гола.