Кошаркарската селекција на САД ја совлада Србија во натпреварот по групи на Олимписките игри во Париз со убедливи 110:84.

Кај Американците најефикасен играч беше Кевин Дурент (23 поени), кај Србија - Никола Јокиќ (20 поени и осум асистенции). Големата ѕвезда, Леброн Џејмс постигна 21 поен и девет асистенции.

Во второто коло Американците ќе играа против Јужен Судан на 31 јули. Србија истиот ден ќе игра со Порторико



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2024 04:45