Македонската репрезентација ја забележа третата победа во третиот свој натпревар на Европското првенство Б-дивизија за кошаркари до 18 години.
Вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје, младите македонски кошаркари беа поуспешни од врсниците од Чешка со резултат 94:86.
Со оваа победа Македонците изборија пласман во четвртфиналето
По некомплетното трето коло во Ц-групата, Македонија е лидер со максимални три победи, следуваат Украина и Чешка со по две победи и еден пораз. Босна и Херцеговина има една победа и две загубени средби. Ирска и Кипар кои вечерва играат меѓусебно имаат по два пораза без ниту еден успех досега