Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го пофали настапот на тимот на пријателскиот натпревар против Милан.
Средбата се одржа вчера на стадионот „Јенки“ во Њујорк и заврши со резултат 3:2 во корист на италијанскиот клуб.
-Одигравме подобро од првиот натпревар, против Селтик, и некои играчи направија чекор напред. Генерално, се беше многу добро, сите одиграа добро против тимот кој учествува во Лигата на шампионите. Ова беше чекор напред: избегнавме повреди, играчите добија минутажа, поминавме уште еден тест и за неколку дена ќе одиме на уште еден натпревар, истакна предводникот на „Граѓаните“.
На 24 јули, Манчестер сити беше поразен од Селтик (3:4). Пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, тимот на Гвардиола ќе одигра уште два пријателски натпревари: против Барселона (31 јули) и Челзи (4 август).