Алекса Аврамовиќ ги сподели своите впечатоци од вчерашниот натпревар на Олимпијадата во Париз против САД (84:110).

- Почнавме многу агресивно и водевме со осум разлика на отворањето. Но, бевме против тим од 12 фантастични играчи, и иако Дурент не беше на теренот два месеци претходно, сепак успеа да постигне 21 поен до полувремето.

Имавме свои шанси, но секогаш кога се обидувавме да ја намалиме разликата и да се доближиме, тие погодуваа тројки. Имаа многу добри шутеви, а ние промашивме многу отворени шутеви. Сега сме целосно фокусирани на следниот натпревар против Порторико. Порториканците и Јужен Судан имаат одлични тимови. И двајцата играат брзо и имаат добра транзиција. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети и да останеме смирени, изјави Аврамовиќ.

Србија со Порторико ќе игра в среда (31 јули). Истиот ден САД ќе се соочи со Јужен Судан



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2024 16:58