Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денес беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига.

Во првото коло ќе се соочат бранителот на трофејот Струга и победникот во Купот, тимот на Тиквеш.

Двојки за 1. коло во Првата македонска фудбалска лига:

Струга – Тиквеш

Беса – Шкендија

Работнички – Силекс

АП Брера – Вардар

Пелистер – Гостивар

Шкупи – Воска Спорт.

Сезоната 2024/25 ќе почне на 11 август



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2024 17:19