Капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе стана мнозински акционер во францускиот фудбалски клуб Каен за нешто помалку од 20 милиони евра, објави весникот „Паризиен“.
На тој начин, 25-годишниот Мбапе стана еден од најмладите сопственици на фудбалски клуб во Европа. Тој е косопственик на клубот од Нормандија со претседателот на Надзорниот одбор Пјер-Антоан Каптон, кој го поседува преостанатиот удел. Мбапе купи и дел од долговите на Каен за клубот да нема проблем со финансиските власти во Франција. Каен минатата сезона ја заврши на шестото место во поредокот во Лига 2.
Килијан Мбапе играше седум години во Пари Сен Жермен и стана стрелец број 1 во историјата на клубот со 256 гола. По завршувањето на сезоната, францускиот напаѓач се пресели во Реал Мадрид, со кого ќе започне со тренинзи на 7 август