Кевин Дурент се расправаше со обожавателите на социјалните мрежи. Некои навивачи, по победата на САД над Србија во неделата, на олимпискиот турнир, забележаа зголемено ниво на физичка конкуренција и помалку обиди да изнудат фаули, додека интензитетот на играта остана ист.
Дурант не се согласи дека НБА треба да преземе неколку правила на ФИБА и да види како ќе функционира.
- Се колнам дека само се шегуваш овде, напиша кошаркарот на Санс.
Еден корисник сугерираше дека укинувањето на правилото од три секунди за одбрана во НБА би значело помали изолации и повеќе тимска кошарка со комбинации, но Дурант и таму не се согласува.
-Убавината на кошарката не е да користите комбинации во секој напад, туку да се потпрете на инстинктите и да дозволите талентот да ја одреди играта. Брза транзиција, трчање и удар, некои ситуациски одлуки. Сакате да ја претворите кошарката во НФЛ фудбал. Но, тоа не е она што ја прави нашата игра одлична, вели суперѕвездата на САД.
САД во второто коло на Олимпијадата во САД утревечер ќе се соочи со Јужен Судан