Ситуацијата со пожарот во познатото албанско летувалиште Шенѓин, кој беснее од пред неколку дена, се влоши во текот на ноќта, поради ширењето предизвикано од ветерот.
- И по интервенцијата со хеликоптер беше невозможно целосно да се изолираат пожарите, каде поради силниот ветер во текот на ноќта пожарот повторно се активираше во некои области на планината над Шенѓин, објавија медиумите.
Tие додаваат дека огнот се приближил до хотелите и апартманите во Рана е Хедун, а во меѓувреме жителите на областа, како и туристите, се евакуирани.
Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на Улцињ, е опколен со борова шума, а најпосетуван е од македонски, косовски, српски и полски туристи