Француската олимписка фудбалска репрезентација победи со 3:0 против Нов Зеланд и го обезбеди првото место во групата А по третата последователна победа.
Во елиминациите „петлите“ за противник во големото дерби во четвртфиналето ќе ја имаат Аргентина.
Од групата излегоа и САД кои ја победија Гвинеја со 3:0 и со 6 бода се пласираа на второто место, а во четвртфиналето ќе се сретнат со Мароко.
Погодоците за Американците ги постигнаа Џорџ Михајловиќ (14) и Кевин Паредес (31, 75).