Македонската репрезентација со триумф вечерва над Украина од 83-72 ја продолжи победничката серија и со максимален ефект го завери првото место во групната фаза на Европското првенство во Б-дивизијата за кошаркари до 18 години кое се одржува во Скопје.

Македонската репрезентација до петтата победа во завршното петто коло во групата Ц ја предводеа Јаничиќ со 21 поени и Кириловски кој уфрли поен помалку.

Противник на македонските кошаркари во четвртфиналето ќе биде Португалија, која заврши второпласирана со групата Д.

Португалците во групната фаза триумфираа над Грузија (67-50) и Велика Британија (81-52), а претрпеа порази од Австрија (52-60) и Норвешка (71-76)



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2024 03:14