Италијанскиот фудбалски гигант Милан го претстави во свое ново засилување српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ, кој доаѓа од австриски Ред Бул Салцбург.

Српскиот репрезентативец потпиша во средата вечер договор до 2028 година со опција за продолжување на уште една сезона.

Според италијанските медиуми, вредноста на трансферот е најмалку 18 милиони евра, колку што е откупната клаузула вклучена во неговиот договор со претходниот тим.

Павловиќ (23) претходно настапуваше за Телеоптик, Партизан, Монако, Клуб Бриж и Базел пред да се пресели во Ред Бул Салцбург.

За српската репрезентација има 38 настапи и четири голови од дебито во септември 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2024 13:44