Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција вчера во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје.
Како што информира МВР, при извршен претрес по претходна судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан каде престојувал С.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана и пари.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.