Арон Ван-Бисака најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Вест Хем. Според Флоријан Плетенберг, 26-годишниот десен бек преговарал за личните услови со „чеканите“. Поранешниот младински репрезентативец на Англија ќе потпише договор до летото 2029 година.
Сепак, двата клуба допрва треба да се договорат за сумата на трансферот. Лондончани доставија понуда за 10 милиони фунти, додека Манчестер Јунајтед бара 18 милиони.
„Црвените ѓаволи“ потпишаа со Ван-Бисака во 2019 година од Кристал Палас за 50 милиони. За пет сезони одигра 190 натпревари за 20-кратниот шампион, постигнувајќи два гола и 13 асистенции. Во последната сезона, дефанзивецот забележа 22 натпревари зад своето име.
Вест Хем работи и на финализирање на трансферите на Крисенсио Сомервил од Лидс и германскиот репрезентативец Никлас Фулкруг.