Стотици пожарникари од цела Хрватска, голем број канадери и авиони за гаснење пожари и денеска се борат со пожарите во Далмација, а најтешко е кај Тучепи и Подгора каде што огнената стихија беснее уште од вторник навечер.

Овој пожар се прошири и на Паркот на природата Биоково, гори во Врсини кај Трогир, а состојбата околу Скрадин е значително подобра иако пожарот е сè уште активен. Пожарот кај Врсини на трогирското подрачје и понатаму е активен, изјави Горан Слатина, командир на Доброволното противпожарно друштво Марина.

- Огнот се шири, се приближи до куќите. Пожарникарите на теренот повремено добиваат помош од четири канадери, рече Слатина.

Гори во засеокот Јаиќи, а огнот брзо се шири кон Бристивица и Близна Горна. Пожарот го гасат околу 150 пожарникари со 40-тина возила од локалните доброволни противпожарни друштва, но и од други делови на Хрватска. Захваќени се трева, ниска вегетација, макија и борови на околу 600 хектари.

- Нашите екипи и денеска ја следат надчовечката борба на пожарникарите со пожарите, изјави за ХРТ Доминик Стриж од Тучепи.

Состојбата на теренот, додаде тој, е многу подобра отколку што беше. - Отворен пламен немаше до пред малку, огнот се активираше внатре во самиот пожарникарски терен, но рабовите се целосно изгасени и нема повеќе ни чадење, рече Стриж.

Според извештаите на ХРТ, во Дубравиците кај Скрадин отворен ogan има само на едно место во кањонот Крка. - Огнот влезе во националниот парк, а сега тоа подрачје се tretira од воздух. Се работи за непристапен терен. Од паркот порачуваат дека посетителите не се загрозени, односно дека паркот е отворен. На теренот има 120 пожарникари. Мештаните велат дека синоќа конечно спиеле, а покрај патот сега, заради безбедноста на сообраќајот, се отстрануваат изгорени дрвја. Покрај боровата шума настрадале и лозја, насади со маслинки и трајни насади. Локалното население бара прогласување на елементарна непогода, а причината за пожарот допрва треба да се утврди, пренесе ХРТ.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2024 05:38