Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја совладаа Португалија со 71:42 во четвртфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје.

Избраниците на селекторот Андреевски одиграа меч во кој водеа од самиот почеток до крајот и нивната победа не беше доведена во прашање.

Македонија влезе меѓу најдобрите четири на еврошампионатот и само една победа ја дели од пласман во А-дивизијата.

Марко Лукановски оствари дабл-дабл ефект од 17 поени и 14 скока, додека капитенот на тимот, Никола Јаничиќ застана на 16 поени, 7 скока и 4 асистенции.

Во полуфиналето нашиот национален тим ќе игра против подобрата репрезентација на натпреварот Швајцарија - Бугарија, кој се игра од 21.часот во салата на СРЦ „Кале“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2024 05:47