Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хааг, проговори за неговиот однос со напаѓачот на тимот Џејден Санчо. Пред една година двајцата имаа конфликт, поради што играчот беше отстранет од главниот тим.
-Оставивме се зад нас, си кажавме се. Ми требаат добри играчи за да изградам одличен тим и тој е дефинитивно многу добар играч, изјави Тен Хаг, цитиран од „ГОл“.
Напаѓачот играше за Борусија Дортмунд на позајмица минатата сезона, откако Тен Хаг не беше задоволен од пристапот на Санчо на тренинзите кај „црвените ѓаволи“.
Во Бундеслигата одигра 14 натпревари на кои постигна 2 гола и даде 3 асистенции, како и 7 натпревари во Лигата на шампионите каде постигна 1 гол.