Кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Вангел Таво е новиот градоначалник на албанското приморско гратче Химара.
На вчерашните делумни избори тој освои 5022 гласа или 58,62%, додека неговиот против кандидат Петро Ѓикурија од опозициската коалиција "Победуваме заедно" 3545 или 41,38% од гласовите.
Вангел Таво(55) роден е во Ѓирокастро, бил министер за труд и социјална политика, пратеник, припадник е на грчкото малцинство, поседува двојно државјанство албанско и грчко.
-Победи Химара, победија нејзините жители. Им благодарам на сите за довербата и за мирната атмосфера во која мина изборниот ден и кампањата. Јас сум градоначалник на сите, рече меѓу другото Таво.
Тој јавно го повика против кандидатот Ѓикурија, кој исто така Грк, да биде заменик градоначалник, што го направи и во кампањата, бидејќи "општината има потреба и од левицата и од десницата".
На ланските локални избори одржани на 14 мај за градоначалник беше реизбран Фреди Белери (52) кандидат на опозициската коалиција, кој два дена пред тоа беше уапсен и ставен во притвор поради изборна корупција. Потоа беше осуден на две години затвор и не можеше да даде заклетва. По изминатиот рок за тоа претседателот Бајрам Бегај распиша делумни избори во Химара, општина која се сметаше за бастион на опозицијата. Во единствениот избирачки список беа запишани 23.074 лица со право на глас. Поради истече рок на важност на документите за лична идентификација не можеа да гласаат 6153 граѓани, потврди и претседателот на ЦИК, Илирјан Целибаши