Во Пасјане, најголемото српско село во Косово, се одржа протест на стотици граѓани поради неодамнешното апсење на петмина Срби кои се осомничени за наводни воени злосторства.

На протестот беше кажано дека Србите биле уапсени без судски налог, 25 години по војната, а се додава дека ниту еден од нив не го напуштил Косово по војната бидејќи, како што наведоа, не сториле никакво кривично дело.

Насобраните Срби сметаат дека целта на апсењето на нивните сонародници е да се шири паника и да се протераат Србите од Косово.

Тие апелираа до ЕУЛЕКС и КФОР да ги спроведат своите мандати, да ги стопираат политичките процеси против Србите и побараа ослободување на уапсените Срби.

На 3 август, Основниот суд во Приштина нареди пет Срби да добијат едномесечен притвор под сомнение дека наводно извршиле воено злосторство на 5 април 1999 година.

Уапсени се Драган Ничиќ, Драган Цветковиќ, Слободан Јевтиќ и Милча Шошиќ од Пасјан кај Гњилан и Ненад Стојановиќ од селото Бошче кај Косовска Каменица.

Според Специјалното обвинителство, на нивното апсење му претходела повеќемесечна истрага.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2024 16:46