Младиот португалски играч за врска Жоао Невеш (19) ја напушти Бенфика и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, соопшти денеска парискиот клуб.

Невеш потпиша договор со ПСЖ до 2029 година, а според француските медиуми, Бенфика ќе добие обесштетување од 60 милиони евра, и евентуален бонус од 10 милиони евра.

Младиот играч за врска е производ на младинската академија на Бенфика, а дебитираше за првиот тим во јануари минатата година

„Горд сум што кариерата ќе ја продолжам во ПСЖ, многу амбициозен клуб. Ќе дадам сè од себе да им помогнам на моите соиграчи, да растат во овој фантастичен клуб и да освојат многу титули“, изјави Невеш за клупската веб-страница.

Невеш е второто засилување на парискиот клуб ова лето по доаѓањето на 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов кој пристигна од Краснодар.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2024 04:42