Во Србија денеска ќе биде претставен тим од здравствени експерти за да анализира последици по здравјето на луѓето од ископувањето литиум. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во изјава за РТС ги замоли граѓаните „да не наседнуваат на непроверени приказни“.

Лончар додаде дека денеска ќе биде претставен медицински тим и дека во него ќе бидат вклучени епидемиолози, доктори по медицина на труд и други експерти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во саботата во Лозница изјави дека е заинтересиран за заштита на здравјето на луѓето во врска со ископувањето на литиум во долината Јадар и дека дури потоа ќе може да се разговара понатаму. Потоа најави формирање здравствено-медицински тим што ќе се справува со евентуални здравствени последици.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2024 17:39