Косовската полиција на преминот Јариње запрела комбе на Пошта на Србија со писма, кое сообраќа на редовната линија Рашка - Грачаница.

Како што наведуваат од Пошта на Србија, запирањето комбиња и приватни пратки за жителите на Косово следува по вчерашната рација во девет филијали во четири општини на северот на Косово кои од вчера се затворени, а документите одземени, додека директорот и менаџерите однесени на информативно интервју.

„Новата акција на косовската полиција ја влошува состојбата и ја зголемува загриженоста кај српското население, затоа укажуваме на итноста за решавање и смирување на тензиите, суспендирање на сите дејствија кои се против претходно постигнатите договори и овозможување непречено функционирање на поштенскиот сообраќај во северот на Косово и Метохија“, соопштоја од Пошта на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2024 18:18