Грузискиот фудбалски репрезентативец Хвича Кварацхелија (23) ќе потпише нов договор со Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Условите од новиот договор ќе бидат познати во следните неколку денови, а според весникот „Кориере дело спорт“, платата на Кварацхелија ќе изнесува повеќе од седум милиони евра годишно со бонуси.
Грузиецот одлучи да остане во тимот од Неапол, иако се шпекулираше негов трансфер во Пари Сен Жермен.
Кварацхелија пристигна во Наполи во 2022 година и досега на 88 натпревари постигна 25 голови. Со тимот на Наполи ја освои титулата во Серија А во сезоната 2022/2023.