Поранешниот министер за одбрана на Грција и почесен началник на Генералштабот на армијата Алкивиадис Стефанис е новиот управител на Света Гора, откако претходниот, почесниот амбасадор Анастасиос Мицијалис си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина.

Промените беа соопштени од Министерство за надворешни работи на Грција, со оглед на тоа што управителот кој ја претставува грчката Влада во Света Гора е под надзор на шефот на дипломатијата, а грчкото МНР управува со односите меѓу монашката заедница и Владата.

- Се соопштува дека почесниот амбасадор Анастасиос Мициалис поднесе оставка од функцијата управител на Света Гора. Функцијата нов управител ја презема почесниот началник на Генералштабот на армијата и поранешен министер за национална одбрана генерал Алкивиадис Стефанис, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција.

Администрацијата на Света Гора е со седиште во Кареја.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 04:39