Првата ѕвезда на американската кошаркарска репрезентација Леброн Џејмс доби четири конци во пределот на левото око откако беше погоден со лакт на мечот со Бразил (122:87) синоќа во четвртфиналето на Олимпијадата.

Инцидентот се случил во третата четвртина. По ова 39-годишниот Американец не можеше да го заврши натпреварот.

-Добро сум. Само примив случаен удар во лице, рече Џејмс по натпреварот.

Џејмс на паркетот мина 16 минути и 39 секунди, постигна 12 поени, забележа три скока и девет асистенции



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 21:13