Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, зборуваше за задачата со која се соочува тимот во новата сезона.

-Која е целта на тимот за новата сезона? Скудетото, ги цитира новинарот Николо Шира зборовите на Фонсека.

Педесет и едногодишниот Португалец го презеде тренерското место во Милан ова лето.

Фонсека претходно работеше за Лил, Рома, Шахтјор, Брага и Порто.

Во сезоната 2023/24, Милан заврши на второто место во италијанската Серија А, со 19 бода негатива во однос на шампионот Интер



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 21:22