Американскиот кошаркарски репрезентативец, Џејсон Тејтум раскажа што очекува од мечот со Србија во полуфиналето на Олимписките игри.

- Сите очекуваат да победиме, но ова не е однапред готова работа. Канада која важеше за фаворит доживеа пораз. Сè може да се случи на еден натпревар. Плејофот во НБА се разликува од овој систем. Тешко е да се победи ист тим три пати, па очекувам тежок натпревар. Ќе биде интересно, со нетрпение го очекувам мечот, изјави Тејтум.

Натпреварот САД – Србија ќе се игра утревечер со почеток во 21 часот.

Претходно (17:30 часот) во првото полуфинале ќе се соочат Франција и Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 21:28