Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина.

На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот на Ибар им се обрати поранешниот претседател на судот во Митровица, Никола Кабашиќ, кој ги повика граѓаните Срби, исто како денеска, и во иднина да ги уриваат одлуките на, како што ја нарече општинската власт, „принудната управа“ во Северна Митровица.

- Секој пат кога тие ќе носта одлуки кои одат на штета и се противни на волјата на граѓаните тука, ние ќе се собираме на истото место и со аклмација ќе усвојуваме дека со тоа не се согласуваме, рече Кабашиќ.

На протестот беа истакнати транспаренти со пораките: „На мостот го браневме опстанокот, сега го браниме исчезнувањето!“, „Ако Курти го отвори мостот, КФОР и Квинта ќе бидат одговорни за сé!“, „Додека ЕУ и САД пишуваат соопштенија, нас не протеруваат!, „Бараме КФОР да не заштити“ и слични.

На протестот беше забележано незначително зголемено пртисуство на косовската полиција. Не е регистриран никаков инцидент и граѓаните мирно се разотидоа откако беше прогласено завршување на собирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 22:15