Кадетската македонска репрезентација попладнево загуби од соодветната француска селекција со 29:28 на стартот на Европското првенство во Црна Гора.
Македонските ракометари пружија голем отпор на фаворизираните Французи, но примија гол во самиот финиш и останаа без бод.
Нашите ракометари во два наврата имаа плус три на почетокот на мечот (3:0 и 5:2). Истата разлика Франција ја имаше во финишот (28:25) и ја искористи за конечен минимален триумф.
Најефикасен во македонскиот состав беше Дамјан Митев со девет погодоци.
Утре, во второто коло, Македонија ќе се соочи со Германија (почеток 12 часот).