Поранешниот фудбалер и актуелен селектор на репрезентацијата до 21 година, Ли Карсли, се очекува да ја преземе репрезентацијата на Англија по заминувањето на Герет Саутгејт, објави денеска Скај Спорт.

Според истиот извор, Карсли привремено ќе ја извршува селекторската должност додека не се завршат натпреварите од Лигата на нации со Ирска и Финска или додека не се најде соодветен кандидат.

Карсли (50) во кариерата ги предводеше Брентфорд, Ковентри и Бирмингем, а од 2021 година е на чело на англиската репрезентација до 21 година. Со младите „лавови“ триумфираше на Европското првенство до 21 година кое се одржа минатото лето. Во финалето Англичаните ја победија Шпанија со 1:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 22:53