На сцената „Летница“ во Охрид вечер концерт ќе одржи ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија. Ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци.
Настанот е организиран од страна на Амбасадата на Унгарија во земјава, почесниот конзулат на Унгарија во Охрид, како и Здружението на Унгарци во Македонија.
Овој концерт е дел од турнејата на ансамблот на Дунавската школа за фолклор низ Македонија, која почна со настап во Прилеп на 7 август, продолжува со настап во Охрид, а потоа ќе настапи во Битола на 9 август, во Крушево на 10 август, додека завршниот концерт ќе биде во Скопје, на 11 август.