Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.

Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература.

Комисијата што ги оценуваше доставените трудови во состав Димитар Пандев, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски, во конкуренција на 62 доставени трудови го издвои нејзниот расказ „Јоанес Даубманус“ како најдобар, посочувајќи го како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Наградата на авторката ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, што ќе се одржи на 13 август 2024 година во селото Велгошти, родното село на Чинго.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2024 15:31