Една од водечките компании во секторот туризам во Северен Кипар, „Pasha Group“ е нов спонзор на поранешниот македонски фудбалски шампион Шкупи.

Паша Групација е спонзор на повеќе големи турски екипи, најпознати од нив се Бешикташ и Фенербахче.

Со доаѓањето на новиот спонзор, амбициите на клубот од Чаир се враќање на победничките патеки, успеси на меѓународната сцена. За да се постигне тоа најавени се нови инвестиции и изградба на нов спортски комплекс.

- За жал во Македонија спонзорство во спортот не е развиено, додека во светото спонзорите ги движат клубовите напред. Паша групација која во Турција е еден од најголемите спонзори одлучи да влезе во Шкупи и да направи заеднички проект со одговорните институции во државата. Тоа е изградба на спортски комплекс кој ќе опфаќа објект со околу 25 соби за фудбалерите, конференциски сали, фитнес клуб, кујна, релакс соби. Комплексот ќе содржи и три игралишта, едното треба да го изгради општина Чаир. Овој комплекс ќе им служи на фудбалерите на нашиот клуб, но и на сите македонски спортисти. Целта ни е да промовираме единство. Овде ќе го спомнам и новото министерство за спорт кое е значајно за развојот на фудбалот и спортот воопшто, изјави Олгун Ајдин, сопственикот на ФК Шкупи.

За локацијата на новиот комплекс сè уште не е донесена одлука и во тек се консултации.

- Шкупи со помош на новиот спонзор повторно ќе се врати на старите патеки и ќе ниже успеси. Ке имаме свој камп, еден терен општината ќе инвестира. Ова треба да придонесе за уште подобри резултати на клубот, рече Ганиу.

Претставникот на „Pasha Group“ изрази задоволство од соработката со Шкупи.

- Почестени сме што во нашата листа на клубови со кои соработуваме се најде и Шкупи. Ќе бидеме искрен поддржувач на клубот на патот кон врвни достигнувања, рече Бурак Ертан.

Во првото коло од новата сезона во Македонското фудбалско првенство, Шкупи ќе ја пречека Воска Спорт



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2024 15:39