Новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот отстрани четворица играчи кои до тој момент тренираа со првиот тим на „црвените“. Станува збор за четворица тинејџери кои најверојатно ќе го напуштат „Енфилд“.
Некои од нив ќе бидат позајмени, додека други ќе бараат постојан тим пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Станува збор за Бен Док, кој порано беше еден од милениците на Јирген Клоп, Тајлер Мортон, Луис Кумас и Харви Блер. Сите тие не спаѓаат во плановите на холандскиот тренер и ќе го напуштат тимот.
Ливерпул допрва треба да направи влезен трансфер ова лето.