Албанскиот премиер Еди Рама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања.

- Дирекцијата за комуникации на Турција соопшти дека за време на разговорот претседателот Ердоган рекол дека односите меѓу Турција и Албанија се на напредно ниво и дека соработката во одбранбената индустрија дополнително ќе се зајакне преку комерцијални, економски и воени контакти, објави Топ чанел.

Турскиот претседател се осврнал и на „ фрустрирачките напори на терористичката организација ФЕТО да освои терен во Албанија“.

Тој изразил уверување дека „Тирана ќе продолжи да работи на елиминација на структурата на групата во образовниот, здравствениот и религискиот сектор".



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2024 20:36